ПРАВНА НАПОМЕНА
Веб – страницата www.equilibrium.mk е во сопственост на:
– Назив: Друштвото за услуги и трговија ЕКВИЛИБРИУМ ДООЕЛ СКОПЈЕ
– Седиште: ул. Методија Шаторов Шарло бр. 11, Аеродром, Скопје
– Даночен бр.: MK4027018527936
– Матичен бр.: 7254504
– Жиро сметка: 300030000232398 Комерцијална Банка АД Скопје
– Е-меил: contact@equilibrium.mk
ЕКВИЛИБРИУМ ДООЕЛ СКОПЈЕ ги објавува информациите и документите или другите писмени материјали на оваа веб страница само за информативни цели.
ЕКВИЛИБРИУМ ДООЕЛ СКОПЈЕ информира дека пребарувањето на веб – страницата истовремено значи и прифаќање на следните правила и услови:
Веб – страницата, содржината или било кој дел од истата се заштитени со авторски права. Само компанијата има право да ги остваруваат правата кои произлегуваат од истите.
Содржината на веб – страницата треба да се толкува врз основа на објавените текстови, без промени. Не се исклучува можноста од промена на веб-страницата независно од волјата или надвор од контрола на ЕКВИЛИБРИУМ ДООЕЛ СКОПЈЕ. Поради тоа, освен ако не е поинаку предвидено со закон, компанијата не презема никаква одговорност за точноста, веродостојноста, навременоста или содржината на информациите, документацијата или другите писмени материјали објавени на веб-страницата.
Знаците, логоата и слоганите поставени на веб-страницата се заштитени трговски марки согласно законот за индустриска сопственост и компанијата е овластен носител и корисник на сите сопственички права кои произлегуваат од трговските марки.
Се забранува употреба, репродукција, пренос, дистрибуција, трансформирање или зачувување на содржините на веб-страницата во било каква форма, делумно или целосно, без претходна писмена дозвола од ЕКВИЛИБРИУМ ДООЕЛ СКОПЈЕ. Сепак, како начин на слободно користење, компанијата ви дозволува да ги зачувувате содржините од овие страници или да ги печатите од вашиот компјутер, за ваша лична употреба.
ЕКВИЛИБРИУМ ДООЕЛ СКОПЈЕ го задржува правото да ја менува или трансформира веб – страницата во било кое време. Исто така, ЕКВИЛИБРИУМ ДООЕЛ СКОПЈЕ може да го ограничи или да го прекине пристапот до веб – страницата. ЕКВИЛИБРИУМ ДООЕЛ СКОПЈЕ не гарантира непрекинат или безгрешен пристап до страниците. Компанијата категорично отфрла било какви штети и/или загуби кои произлегуваат од неовластен пристап до почетната страница, информациите, документацијата или до другите писмени материјали кои се достапни на истата, несоодветна состојба на страницата за употреба, несоодветно функционирање, неправилности, било какви проблеми во функционирањето или нивна нејасност.
Дозволено е поставување на линк со веб – страницата со претходно одобрение од ЕКВИЛИБРИУМ ДООЕЛ СКОПЈЕ. Ако се добие такво одобрение за поставување на линк, возможно е вградување на елементи од содржината на страницата во друга интернет страница (во форма на рамка или вграден линк).
ЕКВИЛИБРИУМ ДООЕЛ СКОПЈЕ не прифаќа било каква одговорност за содржините кои се воспоставени, пренесени, зачувани, ставени на располагање или објавени од трети страни со коишто е поставен линк или кои се однесуваат на страницата на ЕКВИЛИБРИУМ ДООЕЛ СКОПЈЕ.
Доставувањето на писмен материјал од ваша страна (во e-mail порака испратена до било кој наш сервер или преку веб страницата) значи прифаќање дека материјалот може да се објавува. Со доставувањето на материјалот до нас, прифаќате дека ЕКВИЛИБРИУМ ДООЕЛ СКОПЈЕ може да го објавува – без никаква одговорност – и да ги користи неговите содржини (делумно или целосно) со објавување на вашето авторство. Со доставување на таков материјал до нас, се согласувате дека материјалот или неговата содржина не ја прекршуваат личната интелектуална сопственост или други права на било која трета страна, и дека третите страни нема да покренат било какви судски процеси против ЕКВИЛИБРИУМ ДООЕЛ СКОПЈЕ во врска со таквите права, нема да поднесат било какви барања или тужби, и на крајот, доколку било која трета страна поднесе тужба против ЕКВИЛИБРИУМ ДООЕЛ СКОПЈЕ, вие целосно ќе ги надоместите трошоците на ЕКВИЛИБРИУМ ДООЕЛ СКОПЈЕ.
Давање на согласност за познавањето на правилата и условите на веб страницата е предуслов за користење и употреба на индивидуалните услуги кои се нудат.